Фудбал
9. November 2015 - 12:37

Македонија без Митов против Ц. Гора и Либан

Новиот чувар на македонската фудбалска репрезентација, Давид Митов Нилсон поради повреда ќе ги пропушти контролните дуели со селекциите на Ц.Гора и Либан закажани за 12. и 17. овој месец во Скопје. 

Повредата нашиот репрезентативен голман ја заработил на вчерашниот меч од Супер купот на Шведска помеѓу Норчепинг и Гетеборг кој тимот на Митов го доби убедливо со 3-0.