Loading Video...
Ракомет
11. December 2019 - 15:41

Македонија (Б) подобра од Бугарија на меѓународниот турнир за кадети во Скопје

Втор ден натпревари на меѓународниот ракометен турнир во Скопје во кадетска конкуренција што се одржува во салата во Автокоманда, а на која учествуваат четири селекции. 
 
Откако вчера на отворањето, вториот „Б“ тим на Македонија загуби од Србија со 31-24, денеска нашите надежи беа подобри од врсниците од Бугарија со 32-25. 
 
Ова беше и втор пораз на Бугарите кои синоќа загубија убедливо и „А“ тимот на Македонија со 31-22, а попладнево (18 часот) ќе го одиграат мечот против Босна и Херцеговина. 
 
Во вечерниот термин од 20 часот ќе се игра дуелот меѓу „А“ тимот на Македонија и Србија.
 
Утре двете наши селекции ќе играат против Босна и Херцеговина додека за во петок (10 часот) закажан е меѓусебниот меч на двете македонски репрезентации.