Македонија
4. September 2015 - 8:28

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија заеднички ќе се справуваат со мигрантската криза

Македонија, Австрија, Србија и Унгарија денеска во Охрид ќе потпишат  Меморандум за разбирање за преземање неопходни мерки за справување со вонредниот притисок од мигрантската криза која ги засега овие земји.

Потпис на документот ќе стават министрите за внатрешни работи на Македонија, на Австрија и на Србија, Митко Чавков, Јохана Микл-Лаитнер, Небојша Стефановиќ, како и претставникот на МВР на Унгарија, Кристина Берта.

Австриската министерка Микл-Лаитнер, пред заминувањето за Охрид најави дека ќе предложи зголемена соработка во однос на намалување на бранот мигранти низ Балканот. 

На соатанокот во Охрид ќе бидат разгледани и мерки за заедничка борба против криумчирањето луѓе.