Македонија
18. July 2018 - 19:17

Македонија 2025: Турција најатрактивна за иселување од Македонија

Турција е најпривлечна земја за иселување на Македонците, покажува последниот извештај на Обединетите нации за мигранти. Според глобалната мигрантска мапа од 1990-та до лани, во Турција се иселиле 170.000 македонски граѓани. Ако пред осамостојувањето најпривлечни за македонските иселеници биле Франција, Италија, Унгарија и Австралија, денес тоа е Турција. 

Според последното истражување на организацијата Македонија 2025, ваквиот тренд се должи на начинот на кој Турција ги одржува врските со заедниците на дијаспората, воведувањето на Сината карта која на иселениците им овозможува да се вратат и да инвестираат во земјата, како и на зголемувањето на економскиот раст на Турција во изминатите години.

Политиките на дијаспората во Турција даваат пример за Македонија и за нејзината дијаспора. Македонија може да го зајакне контактот со дијаспората преку нови институции кои играа поактивна улога во животот на дијаспората. Македонија, исто така, може да ја имплементира сопствената верзија на "Сината карта" што и олеснува на дијаспората да инвестира и да работи во Македонија. Но, пред сè, Македонија треба да запомни дека не постои замена за економски раст. Одржливиот економски раст и зголемувањето на животниот стандард најверојатно ќе имаат најсилно влијание во привлекувањето на миграцијата и инвестициите на дијаспората. Неодамнешниот рекорд на раст во Македонија е добар, но сепак, новата влада треба да обезбеди силен скок по неодамнешните рамни резултати, стои во последниот извештај на организацијата на Македонците во дијаспора.

Истото истражување покажува и значителен пораст на извозот од Македонија во Турција и можност македонските емигранти да помогнат за зголемување на инвестициите помеѓу двете земји.