Македонија 2025: Да се поддржат и платите за март, мерки и за средните и големите фирми
Македонија 2025, невладината организација во која членуваат бизнисмени од дијаспората и менаџери од државава, во осврт на новит сет мерки од Владата денеска го повтори ставот дека поддршката на плати треба да се применува од март, а не од април, а предлага и да се креираат мерки за средните и големите фирми, особено на тие од преработувачката индустрија.
-Да не изумиме дека одредени компании (пример, угостителски објекти) беа затворени со одлука на Владата, како и дека со одлука на Владата, вработените кои имаат деца на возраст под 10 години беа ослободени од работа уште во март, стои во соопштението од Македонија 2025.
Во анализата за здравствено-економската криза поради Ковид 19 на Македонија 2025 се наведува дека Владата треба да дизајнира нови мерки насочени кон средните и големите компании кои се двигатели на развојот (технолошко-технички напредни) и кои имаат најголемо учество во извозот, особено компаниите од преработувачката индустрија.
-Анализата на мерките на владата и споредба со оние во развиените земји покажуваат дека кај нас воопшто не се преземени мерки за т.н. трансфер на вредноста кон фирмите, односно поддршка преку намалување на трошоците или зголемување на приходите, оценуваат од Македонија 2025.
Во претходните анализи невладината организација оцени дека првиот сет на антикризни мерки е недоволен да ги санира негативните ефекти на кризата. Ја повикаа Владата да донесе нов сет на мерки, како и да го зголеми износот на помош.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација