Loading Video...
Фудбал
20. December 2018 - 16:21

Македонија 2018-тата ја завршува на 68 место на ФИФА листата

Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија како 68.ма ќе ја заврши календарската 2018 година. 
 
На последното рангирање за годинава, Македонија е на 68-мото место на ФИФА ранг листата. 
 
Црвено-жолтите кои годината ја започнаа од 76-тата позиција со вкупно собрани 1.343 поени, завршуваат на 68.место. 
 
Во осумте одиграни натпревари годинава, Македонија забележаа пет победи во Лигата нации, каде го претрпе и единствениот пораз (Ерменија 0-4), а воено избраниците на селекторот Игор Ангеловски одиграа и два пријателските натпревари кои завршија без победник со Финска (0-0) и Азербејџан (1-1).
 
Инаку за две години македонските фудбалери направија голем напредок, па од 162.место во 2016-тата година сега се дури 94 позиции погоре на ФИФА ранг листата.