Македонија
13. March 2016 - 16:55

Македонецот уапсен за “тероризам” во Италија бил баран од судот во Гостивар, таму живеел со Бугарка

Карлито Бриганде од Дебар е македонецот уапсен за тероризам во Рим. За дебарчанецот кој порано се викал Вулнет Макелара, има и меѓународна потерница која ја распишале македонските власти поради  закана за јавната безбедност, нелегално поседување на оружје и експлозиви и напад врз државни службеници. 

Бриганде во Италија планирал да замине и да се бори во редовите на Исламската држава и да учествува во напади во Ирак, Сирија, Франција и други европски земји.

При неговото приведување, италијанската полиција го претресла домот во кој живеел со Бугарка. Заплениле документи и писма на арапски и англиски и мобилни телефони преку кои контактирал со соборци во Ирак. 41-годишниот дебарчанец бил член на поранешната ОНА.

Во Рим бил уапсен уште еден македонски државјанин, Абдула Куртиши кој имал фалсификувани патни документи и имал чести контакти со македонскиот Карлито.

Италијанските власти издале потерница за 29 годишен тунижанец и соработник на Бриганде за кој се претпоставува дека веќе се борел во редовите на ИСИС во Ирак.