Фудбал
24. March 2016 - 18:01

Македонецот што му судеше на Кројф

Еден од најголемите македонски фудбалски судии на сите времиња сигурно е Перула Костовски кој ја делеше правдата во првенството на СФР Југославија но и на меѓународната сцена. 

Ќе се памети како судија што судел и во тогашниот КЕШ а во 1973 година беше делегиран во судиската тројка заедно со Миливое Гугуловиќ и Ратко Чанак го судеа финалето во Белград помеѓу Ајакс и Јувентус кој холанѓаните предводени од легендарниот Јохан Кројф победија со 1-0 со голот на Џони Реп во 5м и по третпат во серија го освоија КЕШ. 
Перула кој почина на 79годишна возраст стои на фотографијата токму до Кројф кој денеска почина на 69 годишна возраст.