Кошарка
9. July 2020 - 19:46

Македонецот Николовски ќе игра на Афробаскет 2021г

Александар Николовски можеби е првиот играч од нашата држава што има можност да настапи на АФРОБАСКЕТ 2021 како член на домаќинот, селекцијата на Руанда. 
 
Николовски го познавам од минатата година кога дојде во Батуми (Грузија). Одигра неколку одлични натпревари, со 20+ поени. Сигурен сум дека може да биде одлично освежување и од голема помош на позиција 3 во селекцијата. Истакна селекторот Бошњак. 
 
27годишниот кошаркар вели: му благодарам на селекторот за довербата и шансата која ми ја пружа. Секое искуство плус е добредојдено и секоја шанса за напредок треба да се искористи максимално.