-->
-->
Македонец уапсен во Србија - го фатиле со 80 килограми дрога
-->
Српската полиција кај Владичин Хан заплени околу 80 килограми марихуана, скриена во камион со македонски регистарски таблички.
Притоа, е уапсен 69-годишен македонски државјанин, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
Во резервоарот и други празни места од камионот имало 131 пакет марихуана, со вкупна тежина од околу 80 килограми.
Против возчаот И.И. ќе биде поднесена кривична пријава поради постоење сомнение за извршено кривично дело „неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги“.
- Марихуаната е откриена во рамки на зголемените активности за откривање криминални групи кои се занимаваат со шверц на наркотици, како и за пресекување илегални канали, се наведува во соопштението.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Албанската опозиција во кампања со поддршка од косовскиот премиер
-
Анкета на ИРИ: Србите најголеми пријатели, Бугарија најголема закана за Македонија
-
Младите се пречесто на социјалните медиуми – не пребаруваат за политика
-
Наместо зголемени плати за 12%, вработените во култура не добија никаква плата за март - најавија протести
-
Доживотна казна затвор за кочанчанец кој усмрти жена на свиреп начин
-
Приватните специјализанти од понеделник се селат пред здравство
-
Стартува кампањата за парламентарните избори
-
Уште 5 дена кампања за претседателските избори