Македонија
3. July 2016 - 18:27

Македонец тешко повреден на Малта, врз него се урнал бетонски ѕид

Македонски дравјанин е тешко повреден на Малта.Тој работел како градежник, а се повредил откако врз него паднал бетонски ѕид при работа на еден објект во главниот град Ла Валетa.

Тој работел заедно со други странски државјани, но нема информации како дошло до несреќата.

Спасувачките екипи морале да го извлекуваат од под урантините  и итно бил префрлен во болница.

malta_nasl

Комуникацијата со него била отежната бидејќи тој не говорел англиски јазик, а засега не e познат ниту неговиот идентитет.