Македонија
26. September 2021 - 18:06

Македонец со „Ауди А8“ возел над 250 километри на час на автопатот Ниш - Белград

Српската полиција денеска околу пладне на автопатот Ниш-Белград кај Велика Плана, запрела возач на возраст од 32 години, кој возел со 252,8 килопметри на час, на делот од автопатот каде што е дозволена брзина од 130 километри.

Според соопштението на Министерството за внатрешни работи, возачот на Ауди А8, кој е државјанин на Македонија, е исклучен од сообраќајот и против него ќе биде поднесена прекршочна пријава за насилничко возење.