Македонец предизвикал сообраќајка во Италија: Загинале шест луѓе
Камионџија од Македонија, иселеник кој живее во регионот Пијемонт во Италија, предизвикал сообраќајна несреќа во која загинал тој и уште пет други лица, меѓу кои и две деца.
Тој со камионот во кој превезувал житарици удрил во автомобилот што пред него, а потоа автомобилот удрил во цистерна. При ударот, цистерната се излеала и се запалила. Се запалило и возилото, а петмината кои се наоѓале во автомобилот и македонскиот камионџија загинале, пишуваат италијанските медиуми.
Сите загинале на лице место, освен возачот на цистерната.
- Телата се пеплосани, непрепознатливи се. Префрлени се во Бреша за да се изврши обдукција во судската медицина – изјавиле од италијанскиот суд.
Според неофицијалните информации кои ги пренесуваат италијанските медиуми, петмината кои се наоѓале во автомобилот всушност биле семејство од Франција и меѓу нив имало и две деца.
- Бевме во движење, ме удрија и веднаш го напуштив камионот, на време – изјавил шоферот на цистерната кој е единствениот преживеан во фаталната несреќа.
Сообраќајка се случила на 2 јануари, на автопатот во блина на Бреша, втор најголем град во Ломбардија веднаш зад Милано.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари