Бизнис
26. March 2019 - 16:27

Македонец лани остварил плата од 167 милиони денари - тинејџер заработил милион денари

Дете од 15 години заработило над милион денари. Работел со компјутерски услуги. Во групата која заработила над 10 милиони денари, најмладиот има 20, а најстариот 86 години. Највисоката месечна бруто плата  била скоро 14 милиони денари и тоа во здравствениот сектор. Најсреќниот добитник на игри на среќа бил тетовчанец кој добил скоро 10 милиони денари.  Управата за јавни приходи ги презентираше највисоките приходи во 2017 година.

-Скопјанец во својата ГДП пријавил 212 милиони денари што е и највисок годишен приход во Република Македонија. Втор на листата е исто така скопјанец со остварен годишен бруто приход од 207.587.649 денари, рече директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

ИТ секторот, кој важи за најбрзорастечки во земјава, има капацитет да вработи уште многу работници. Меѓутоа, секторот се соочува со недостиг на кадар поради тоа што годишно се отвораат повеќе компании отколку студенти кои завршуваат факултет. Таму работниците ги имаат можеби најдобрите услови за работа.

УЈП во 2017 година утврдила персонален данок од над 11 и пол милијарди денари. Дури 66.300 граѓани не поднеле годишни даночни пријави.