Бизнис
28. December 2017 - 19:41

Македонците земаат најниска просечна плата во споредба со регионот

За сите растела, за работниците од североисточна Македонија паѓала. Во однос на 2011 година платата од Куманово до Крива Паланка се намалила за 0,3%. Но, таа не е најниска во земјава.

Во регионот на Делчево, Берово и Пехчево се земаат најниските плати. Просекот во земјава изнесува околу 380 евра. Скопје има просек на државниот, сите други се далеку под него.

Потрошувачката кошница изнесува над 500 евра. Анализите покажуваат дека на четиричлено семејство му фалат меѓу 100 и 150 евра за пристоен живот. Јазот станува се поголем како расте бројот на членови во семејството.

Експертите препорачуваат Владата да креира мерки кои ќе го подобрат животниот стандард. Покачувањето на минималната плата е една од нив, но реформи во образованието треба да биде врвен приритет во следната година.

Според истражувањето на Виенскиот инсститут само Албанија и Косово имаат пониска плата од Макеоднија. Според истражувањетп пак на турската Анадолија, Макеоднија е на дното во регионот, а Словенија на прво место.