Македонците во Гора и Голо Брдо со лопати го чистат снегот од патиштата
Соочени со реалната ситуација и поучени од искуството од изминатите години, Македонците од областа Гора и Голо Брдо сами се деблокираат од големите снежни врнежи.
Како што пренесуваат електронските медиуми, жителите од Борје го расчистуваат снегот од патот со лопати до селото Глобочица, област Гора во Косово.
Идентична е ситуацијата и во областа Голо Брдо (со 22 села), која се протега долж албанско-македонската граница.
- Најпрво наравивме мали патеки колку да може да поминуваме се до асфалтниот пат, кој селото Требиште во должина од пет километри го поврзува со граничниот премин кај Џепиште на македонско-албанската граница, што до Дебар е на оддалеченост од петнаесеттина километри. До Џепиште одиме пешки, а потоа со комбиња на превозници од Дебар, а доколку имаме поголем мака и со такси, вели Или Халилај, жител на селото Требиште и претседател на огранокот на Македонското друштво „Илинден“ за оваа област.
Тој, додава дека и во изминатите години, а и сега поради близината доаѓаат во Дебар каде ги обезбедуваат најпотребните намирници.
Ново на Сител
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела