Македонците во Албанија ја одбележаа Василица
Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар.
–Меѓу Македонците во Албанија, празникот е познат како Василица или Сурова, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Синоќа во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе, пренесува електронското издание на „Илинден“ единствениот весник на македонски јазик во Албанија.
Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец… домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.
Весникот наведува дека Македонците сега се подготвуваат за големиот празник Водици.
Честитка по повод Стара Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба.
Македонците во Албанија традиционално го прославја празникот Свети Василиј Велики, со кој се означува почетокот на Новата година, според јулијанскиот календар.
– Меѓу Македонците во Албанија, празникот е познат како Василица или Сурова, и се прославува во духот на македонските обичаи и традиција. Синоќа во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, се палеа Василичарски огнови, се пиеше вино и топла ракија, се пееја песни. Според традицијата наследена од дедовци прадедовци, деца маскирани и со некој музики инструмент во рака одат од куќа во куќа пеат песни и прават голема врева со тенџериња и ѕвонци кои ги носат со себе, пренесува електронското издание на „Илинден“ единствениот весник на македонски јазик во Албанија.
Во секое македонско семејство ширум Албанија, во Тирана, Елбасан, Драч, Корча, Подградец… домаќинките подготуваат пита или како што ја нарекуваат мазник со паричка. Се верува дека на оној кому ќе му се падне, во текот на годината ќе му се случуваат убави нешта.
Весникот наведува дека Македонците сега се подготвуваат за големиот празник Водици.
Честитка по повод Стара Нова година, до сите Македонци во Албанија, во матичната земја и дијаспората упати македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо, со желби за здравје, среќа, мир и благосостојба.
Ново на Сител
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција
-
Покрај отстапката на властите сите локални избори да бидат на 2 јуни, опозицијата се уште без став дали ќе излезе на избори
-
Николоски: На овие избори се одлучува дали Али Ахмети ќе продолжи да газдува со Македонија
-
За 3 дена во странствo ќе заработам како за 3 години тука | Ана Марија Јанковиќ | Sitel Podcast 027
-
Дачиќ за Бујар Османи: Интересно е дека Пендаровски не бил информиран за резолуцијата за Сребреница
-
Столтенберг: НАТО работи на испраќање повеќе ПВО системи во Украина
-
Бислими: Српската страна не нуди идеи за решавање на проблемот на употребата на динарот на Косово