Македонија
27. September 2020 - 16:52

Македонците со истечен пасош заглавени во трети земји бараат помош од државата

Битолчанецот Александар Јоначиќ кој живее во Нов Зеланд, бара од надлежните институции да му помогнат на граѓаните како него чија важност на пасошот истекла, а се наоѓаат во странство. Тој не може да добие работна виза бидејќи важноста на пасошот му истекла во јуни, а во меѓувреме Нов Зеланд заради пандемијата ги затвори границите за влез и излез, по што му пропаднал планот да се врати во Македонија и да извади нова патна исправа.

-Ми пишаа луѓе со која може да се вратам во Македонија, ако се вратам не можам да се вратам тука, наједноставно е продолжување на важноста на пасошот како што го направија некои други држави. Јас имам аплицирано за нов пасош, во конзулатот во Австралија, ги добив сите документи, добив и потврда дека аплицирал, не можат да ми дадат пасош, не можат да дојдат во Ноз Зеланд, границите се затворени, во самата потврда ми објаснија дека можат да дојдат дури наредната година јуни 2021 што е доцна. Не само за мене, за сите останати луѓе, контактирам со уште 5 семејства кои го имаат истиот проблем, вели Александар Јоначиќ.

Од имиграционото во Нов Зеланд му посочиле дека засега тој е начинот за да ја добие работната виза која ја бара.

-Тие велат дека сите документи се супер, понуда за работа, плата која треба да ја добијам, единствениот проблем е важноста на пасошот, рекоа дека ќе бараат начин да го решат тој проблем, како ќе го решат, ќе видиме, вели тој.

Во меѓувреме се обратил до надлежните институции.

-Од МНР ме упатија дека треба да поднесам барање за нов пасош во конузлатот во Австралија, јас тоа веќе го имав направено. Од конзулатот ме упатуваат во МНР. Јас не ги обвинувам ниту едните ниту другите, никој не очекуваше дека вака ќе биде, најбезболниот начин да се продолжи пасошот кои се негде и некаде заглавени, вели тој.

Ако во Австралија е поминат пасошот ако аплицираш ќе ти даадат, нивниот принцип е поразличен.