Бизнис
21. April 2021 - 21:15

Македонците се преориентираат на online купување - што најчесто се купува на интернет

Македонците се фрлија на онлајн купување. За 36 проценти зголемено тргување преку интернет во 2020 во споредба со 2019 година. Според анализите на асоцијацијата за Е- трговија тоа главно се должи на пандемијата. Поради гужвите пред банките и затворањето на  угостителските објекти граѓаните се почесто храна купуваат онлајн и плаќаат сметки преку интернет.

Податоците покажуваат дека и странците купуваат онлајн од македонски веб продавници. И тоа најчесто со платежни картички од  САД, Обединетото Кралство, земјите како Германија,  Австралија, Канада. Според анализите на асоцијацијата не станува збор за странски туристи туку главно се иселеници.

Македонците пак преку странските сајтови најмногу купуваат авионски карти од Унгарија и разни производи преку странски сајтови од Обединетото Кралство и Ирска.