Спорт плус
3. October 2021 - 16:57

Македонците Поп Арсова и Ивановски победници на скопскиот маратон

Македонската доминација на 17. скопски маратон откако Адријана Поп Арсова во женска и Дарио Ивановски во машка конкуренција ги освоија првите места со нови рекорди. 
 
На главниот маратон се појавија  150 учесници во двете конкуренции на улиците на Скопје .Поп Арсова ја истрча маратонската трка Со време 2:40:36, додека Ивановски триумфираше со време од 2:21:27.
 
Вторите места ги освоија Силвија Александра Паредес Јукаила од Еквадор и Младен Стевановиќ од Босна и Херцеговина, додека како третопласирани завршија Билјана Кираџиева и Германецот Давид Перлих.
 
Во полумаратонската трка триумфираше Бугаринот Митко Ценов со време 1:09:10, додека во женска конкуренција прва низ целта мина Миљана Ристиќ (1:26:09).