Македонија
10. December 2017 - 16:25

Македонците и Грците во Албанија заедно против Законот за заштита на малцинствата

Преставниците на македонскота, грчка, влашка и ромска заедница бараат мегународна поддршка за измена на законот за малцинства во Албанија. Се работи за закон кој не ги почитува европските норми, вели Васил Стерјоски. Во фазата  на негово поготување, малцинстават даода низа предлози, но ниту еден не влезе во усвонеиот текст, потенцира преставникот на македонската заедница во АЛбанија.

 Не беа прифатени нашите барања за гарантирани места во албанското собрание за малцинствата, матичните служби да издаваат документи каде ќе биде впишана и националноста на секој член од малцинствата, обезбедување образование на мајчин јазик за преставниците на малцинствата во предучилишното, основно, средно и високо образование на целата територија на Албанија. Обезбедување на посебен буџет за развој на областите каде што традиционално живеат малцинствата со цел подобрување на условите за живот, во единиците на локалната самоуправа каде што припадниците на малцинствата изнесуваат помалку од 20 отсто, советите на локалната самоуправа да одлучаат нивниот јазик и писмо да бидат во еднаква официјална употреба, припадниците на националните малцинства да имаат право за застапување во извршните структури и вработувањето во јавните служби, вклучително и полицијата, изјави Стерјовски, познат поборник за правата на Македонците во Албанија.

Признавањето на измисленето бугарско малцинство е дополнителен проблем за македонците кои жиеват во Албанија, посочува Стерјоски

Стерјоски имаше излагање на јавната дебатата  за малцинстата  која беше органзирана  по повод денот на човековите права во Тиранаи на која уествуваа преставнците на сите малцинства.