-->
-->
Макаби остана без тренер
-->
Израелскиот кошаркарски великан Макаби ја игра најлошата сезона во својата богата историја. Многу работи не функционираат во тимот кој е преполн со ѕвезди, а цехот за лошите резултати го плаќаат тренерите. Макаби објави дека третиот тренер од почетокот на сеозната, Аинарс Багацкис, добил отказ, а во плејофот тимот ќе го предводи четвртиот тренер сезонава, Арик Шивек.
Летонецот Багацкис пет месеци се задржа на клупата на Макаби. Тој го презеде тимот кон крајот на декенври, по поразот од Црвена звезда во Евролигата. Багацкис до тој момент му беше помошник на Дејвид Блат во Дарушафака.
Но, летонскиот тренер не успеа да ја наметне својата филозофија, регуларниот дел од сезоната го заврши на четвртото место на табелата со скор 19-14, а бидејќи „Гордоста на Израел“ доживеа три порази на последните четири натпревари, Багацкис доби отказ.
Неговиот наследник Арик Шивек во текот на сезоната беше отпуштен од екипата на Макаби Ришон.
Макаби е шесткратен европски шампион, а израелски шампион бил 51 пат, но последната титула ја освоил во 2014 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација