Loading Video...
Кошарка
18. December 2018 - 15:21

Мак-баскет: Стојановски и Трајковски најдобри во 2018г.

Кошаркарската федерација на Македонија денеска ги објави најдобрите во македонската кошарка во 2018 година.  Официјалното прогласување е закажано за 24. Декември.

                Според предлозите на кошаркарските работници од целата држава, приматот ќе им  припадне на нашите интернационалци Војдан Стојановски и  Бојан Трајковски кои настапуваат во Германија и Унгарија а имаа одлични настапи во националниот тим во квалификациите за ЕП во Б-дивизијата.

                Анџелика Митрашиновиќ е најдобра кошаркарка а најдобри клубови се Работнички и Бадел 1962, најдобар тренер Марин Докузовски а прв меѓу судиите Игор Митровски.  На свеченоста на 24-ти Декември ќе  бидат врачени 14 награди во сите категории.

Најдобар македонски кошаркар за 2018 година

  • Војдан Стојановски и Бојан Трајковски

Најдобра македонска кошаркарка за 2018 година

  • Анџелика Митрашиновиќ

Најдобра машка екипа за 2018 година (сениорски лиги)

  • Работнички

Најдобра женска екипа за 2018 година (сениорски лиги)

  • Бадел 1862

Најдобра машка екипа за 2018 година (младински лиги)

  • Работнички

Најдобра женска екипа за 2018 година (младински лиги)

  • Струга 2009

Најдобра млада репрезентативна екипа

  • М16 мажи

Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (младински лиги)

  • Анета Глигорова

Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (младински лиги)

  • Александар Јованчев

Најдобар тренер за 2018 година на женска екипа (сениорски лиги)

  • Срѓан Дамњановски

Најдобар тренер за 2018 година на машка екипа (сениорски лиги)

  • Марин Докузовски

Најдобар млад кошаркар за 2018 година

  • Виктор Ефремовски

Најдобра млада кошаркарка за 2018 година

  • Илина Селцова

Најдобар судија за 2018 година

  • Игор Митровски