Живот
8. May 2021 - 21:21

Мајските оперски вечери и годинава на интернет

Празна концертна сала и последни подготовки за мајските оперски вечери. Прв на репертоарот ќе биде Моцарт. Но, и покрај интензивните проби и амбициозната програма, седиштата ќе останат без публика,  короната си го направи своето.

Годинава мајските оперски вечери скромно се наречени мајски концерти. Поради пандемијата тие ќе се емитуваат на официјалниот јутјуб канал. Утрешниот гала концерт ќе биде посветен на 230 години од смртта на Моцарт, а во наредните денови ќе има рецитали, а се планира премиера на барокната опера „Игри и живот“, а надлежните се надеваат дека барем операта „Аида“, со која традиционално се затвора фестивалот, ќе биде изведена во живо.

Од НОБ велат дека им недостига публиката. Се надеваат дека наскоро животот ќе се врати во нормала, а граѓаните во концертните сали и театрите.

Поради пандемијата Мајските оперски вечери и минатата година се одбележаа дигитално.