Фудбал
24. јуни 2019 - 11:10

Мајорка слави кам-бек во Примера

Мајорка успеа да се врати во првата шпанска лига, откако во реваншот на баражот против Депортиво Ла Коруња успеаја да ја надминат негативата од 2:0 од првиот меч и со 3:0 победа да се вратат во Ла лига по шест години пауза.

Пред 21 илјади гледачи на „Сон Моикс“, Мајорка изгледаше дека е елиминирана кога уште во четвртата минута беше досаден пенал, но тој беше одбранет. Во 20. минута, Будимир им даде надеж на навивачите дека е можен пресврт, за во 62. минута, Салва Севилја да постигне убав гол од слободен удар. Голот за прволигашки статус го постигна Абдон за делириум на трибините.