Мајмун „ограбил“ жена во храм и ги расфрлил нејзините пари на верниците
Мајмун украл чанта на една Индијка, ги извадил парите од неа и расфрлил десетици илјади рупии на верниците собрани во еден храм во северниот дел на Индија, јавија индиските медиуми.
Инцидентот се случил во градот Бриндаван кога мајмун скокнал врз 50-годишна жена која била во храмот заедно со семејството и и ја земал чанта. Потоа мајмунот се качил на сводот на храмот, ја отворил чантата и од неа почнал да вади пари и да ги фрла во воздухот.
Според медиумите, мајмунот од чантата исфрлил 150.000 индиски рупии, односно околу 2.500 евра.
Многу верници почнале да собираат од парите, а жената успеала да врати само мал дел од „украдените“ пари.
Мајмуните се вистинска закана во многу индиски храмови, затоа што крадат храна и други предмети, но луѓето код нив се однесуваат добронамерно, затоа што ги сметаат за потомци на едно од индиските божества.
Ново на Сител
-
СДСМ: Нема ништо ново во понудата на ВМРО-ДПМНЕ
-
И Италија ќе го чува македонското небо
-
Објавен конкурсот за уписи во средно училиште
-
Битолчанка пронашла граната додека копала нива
-
До вторник сончево и топло до 29 степени
-
Нето надворешниот долг на крајот на 2023 година изнесувал 4.458 милиони евра
-
Тетовци се жалат дека не можат да излезат од дома поради глутниците
-
Три млади лица загинаа во тешка сообраќајка во Кичево