Свет
16. September 2020 - 8:54

Мајкл Рајан: Европа пред пресврт во борбата со Ковид-19

Европа е соочена со пресвртна точка во борбата против новиот коронавирус поради зголемениот број на заразени лица, почетокот на учебната година и доаѓањето на есента, предупреди директорот на Светската здравствена организација (СЗО) за итни ситуации, Мајкл Рајан.

– Време е да се запре „ловот на фатаморгана“ и да се донесат тешки одлуки со цел да се заштитат најранливите и да им се овозможи на децата да одат на училиште, дури и по цена на неизбежни жртви, рече Рајан.

– Во Европа, луѓето наскоро ќе почнат да се враќаат во затворените простори. Притисокот од инфекцијата ќе се интензивира, рече официјалниот претставник на СЗО на виртуелна прес-конференција.