Живот
6. September 2018 - 15:06

Мајката се обесила во спалната соба: Нејзиното 3-годишно дете неколку дена преживувало на трошки

Тригодишно девојче, четири дена преживувало со остатоците од лебот и путер, откако нејзината мајка се самоубила во спалната соба. Полицијата го пронашла телото на 29-годишната Ејми Луис Еванс и девојчето кое се борело за живот во семејниот дом во гратчето Порт Талбот во Велс.

Ејми претходно и испратила порака на нејзината мајка дека „сака да заврши со се“, но мајката не и верувала.

Откако неколку дена подоцна таа неуспеала да ја добие ни на телефон, ни да влезе во куќата, повикала полиција. Девојчето било пронајдено во лоша состојба, а мајката обесена во спалната соба. Обдукцијата покажала големо количество алкохол во крвта.

Девојчето било пренесено во болница, каде бил направен и психолошки преглед. Нејзиниот син во моментот бил кај таткото, со кого Ејми била разделена.

Нејзините пријатели ја опишале како весела и грижлива личност, но таа имала историја со насилни врски.

Иако трагедијата се случила во април, поради сослушувањето на сите вмешани во случајот, тој дури деновиве беше објавен во јавноста.