Живот
20. July 2018 - 13:32

Мајката побеле од ужас: Пералната почнала да работи, а внатре го видела лицето на своето дете (3) како вреска без глас

Знам дека ќе ме осудат како лоша мајка, но сакам да ги предупредам другите луѓе за ова да не им се случи, напиша Линдзи Мекајвер на Фејсбук започнувајќи ја приказната за најужасниот настан од својот живот.

Линдзи и нејзиниот сопруг на 8 јули купиле нова „фенси“ машина за перење алишта и ги предупредиле своите три деца да не ја допираат.

Меѓутоа, неколку дена подоцна, неа и сопругот од спиење ги разбудил четиригодишниот син. Детето стоело покрај креветот и плачело, но успеало да изусти: „Кло. Внатре е. Пералната“.

Жената како без душа отрчала во бањата и имала што да види. Барабанот се полнел со вода и детергент и веќе почнал да се врти, а во неа го видела лицето на својата најмлада ќеркичка (3).

„Врескаше, ама надвор не се слушаше нејзинито глас“, објаснува Линдзи. Родилите испаничиле: машината била нова, не ја познавале добро и уште не го прочитале упатството за употреба како што треба. Ги послужила среќата и брзо успеале да ја исклучат пералната и да го извлечат детето. Малечката била видно исплашена, но имала и неколку модринки но само тоа.

Иако се плашела дека ќе ја осудат како лоша мајка, Линдзи во коментарите доби разбирање и поддршка пред све од родителите благодарни за предупредувањето.