Мајката на загинатата Јелена од Куманово е возачот во сообраќајката на мостот „Гоце Делчев“
Зад воланот на возилото „БМВ X6“ во сообраќајката во која денеска загина пешак на мостот Гоце Делчев во Скопје била мајката на загинатата Јелена Филиповиќ, пишува „Слободен печат“. Јелена Филиповиќ е починатата девојка чии фотографии на билборди осамнаа пред скопскиот Кривичен суд со напис „Возев пијан и дрогиран, ја убив Јелена“.
Првичните информации се дека до несреќата дошло кога автомобил марка БМВ со кумановски регистерски таблички со кој управувала Г.Ф. (42) удрил во пешак С.А. (76) кој преминувал непосредно во близина на мостот. Телото на починатиот ќе биде предадено на обдукција.
Крв и урина се земени од лицето што го управувало белото БМВ со кумановски регистарски таблици, за да се испита дали имало алкохол или дрога, а прегледан ќе биде и автомобилот.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: Македонија е на економското дно во регионот, после ребалансот кризата уште ќе се влошува
-
Шефот на Светската банка предупредува на можна глобална рецесија
-
Вежба на ДЗС за спасување од поплава предизвикана од поројни дождови
-
ВМРО-ДПМНЕ: Нервозата кај Џафери расте, со затворањето на пратениците стори кривично дело
-
СДСМ: Мицкоски да каже што договарал со бугарските здруженија
-
СДСМ: Пратениците да го поддржат ребалансот на Буџетот, за поголеми плати и пензии
-
Полицијата казни 144 лица во текот на вчерашниот ден на територијата на градот Скопје
-
Иницијативата на Левица за разрешувањето на Фадил Зендели пред уставните судии