Македонија
5. јуни 2019 - 10:58

Мајката на убиениот Пино денес ќе даде исказ во Обвинителството

Мајката на убиениот Пино Секондо, Маја Трпковска, денеска ќе даде исказ во скопското обвинителство.

Пред неколку дена обвинителството отвори истрага за двајца осомничени за убиство на Пино, 22-годишна девојка која е во притвор и 28-годишен маж, кој е во бегство.

Инаку, по Пино се трагаше од декември лани, кога исчезна, а неговиот скелет беше пронајден на крајот на април годинава во селото Љуботен.

Обвинителството тврди дека има докази дека девојката го намамила, додека Али Ф. го извршил убиството и заедно го сокриле телото во дупка.