Балкан
13. July 2016 - 13:32

Мајката на убиената Јелена му се обрати на монструмот: Тоа е само дете што ти направило

Зорица Крсмановиќ, мајката на брутално убиената пејачка Јелена Марјановиќ вели дека е шокирана од вестите за злосторството кај Зајечар, во кое Владица Рајковиќ (28) монструозно ја уби Анѓелина Стефановиќ (3).

Што да ви кажам, потполно сум шокирана од веста за тоа убиство. Тоа е само дете, што му направило лошо? прашува Зорица.

Foto: Telegraf

На новинарско прашање дали ги видела наводите во медиумите според кои Владица е вмешан во убиството на нејзината ќерка, Зорица вели дека тоа првпат го слуша од нив.

-Првпат за тоа слушам и не знам од каде е тоа. Од каде тој во Белград? Навистина не знам што да ви кажам по тоа прашање, вели мајката на убиената пејачка.