Македонија
13. February 2019 - 16:30

Мајката на Тамара со потресно сведочење – ништо нема да ми го врати детето

100 години да ги осудите и цела држава да ми ја дадете, нема да ми се врати детето.. Вака пред судот сведочеше мајката на младата Тамара од Велес која почина од искривување на р’бетот..

Во својот исказ праша како може мртов пациент да добие решение за лекување во странство и побара одговорност за случајот..

Во тензична атмосфера одбраната ја испрашуваше мајката на Тамара.. Негодуваа на честите приговори од обвинителството и начинот на кој судијата Марин Станевски го води процесот.. Поради таквата состојба, Жаклина Димовска побара да прекине рочиштето и најави дека на прашања од адвокатите, ќе одговори на следното рочиште во март..

За смртта на Тамара обвинети се 12-мина, членови на двете комисии од фондот за здравство и негови двајца екс директори..