Македонија
11. March 2016 - 17:18

Мајката на Стефани: Три години се лечеше од депресија, дојде дома цела испокината

Бидејќи беше многу музикална, ја запишав во средното музичко училиште, но таму доживеа психички малтретирања од професорите и соучениците. Една од професорките дури и кажа дека не знае да пее и да го оперира гласот или да да се отпише од училиштето. Постојано ме прашуваше зошто ~ го прават тоа. Поради овие малтретирања Стефани падна во депресија – вели мајката

Млада девојка се самоуби во скопската населба Аеродром. Како што објавија медиумите, девојката на возраст од 20-години си го одзема животот со скок од деветти кат во зградата во која живее.

Дневник разговараше со мајката на несреќната девојка, која вели дека не знае дали била силувана, но дома дошла со искината облека, целата развлечена.

- "Не знам дали ќерка ми е силувана, но облеката и беше истегната и личеше на искината. Стефани плачејќи ми кажа „тој спиеше со мене насила", тврди мајката и додава дека ги чека резултатите од обдукцијата кои ќе покажат што точно се случило, по што ќеподнесе тужба против таксистот ако нејзините претпоставки се покажат како точни.

Само неколку часа пред разговорот со Дневник, во јавноста излезе информација дека таа го пријавила таксистот за силување. Од МВР веднаш демантираа дека било пријавено силување на девојка.

– Вечерта излегла со друштвото и пиела алкохол. Потоа се качила во такси за да си дојде дома. Околу 4 часот ми се јави на мобилниот телефон и со исплашен глас ми рече: „Мамо, мамо, брзо дојди земи ме", а таксистот од таму дофрлаше: „Kажи и за два часа ќе те вратам, за два". Јас и мојот пријател веднаш истрчавме надвор и го видов такси-возилото. Потоа од него излезе ќерка ми и трчаше како избезумена. Алиштата и беа искинати. Она бегаше и викаше – раскажува Александра. Вечерта дома ја смиривме и си легна да спие. Сабајлето кога стана беше расположена и рече дека ќе оди до кај баба си, мојата мајка, која живее во другиот влез. Најгоре на зградата има балкон на кој секогаш си седевме заедно и се одморавме. Од тој балкон мојата ќерка скокна во смрт – тврди мајката додавајќи „за се е виновно музичкото училиште.

Цели три години ќерка ми се лечеше од депресија и анксиозност. Има една година како што беше излечена. Ќерка ми уште од малечка беше повлечена. Бидејќи беше многу музикална, ја запишав во средното музичко училиште, но таму доживеа психички малтретирања од професорите и соучениците. Една од професорките дури и кажа дека не знае да пее и да го оперира гласот или да да се отпише од училиштето. Постојано ме прашуваше зошто го прават тоа. Поради овие малтретирања Стефани падна во депресија – вели мајката.