Македонија
5. јуни 2019 - 16:18

Мајката на Пино пред обвинителството: Зошто никој не ми веруваше?

6 месеци викам дека Ангела и нејзиниот пријател се вмешани во убиството на мојот син, но надлежните органи не ми веруваа и не преземаа ништо. Мајката на убиениот Пино Секондо, по денешното прво давање на исказ во обвинителство, го обвини секторот во МВР одговорен за исчезнати лица за непрофесионалност и арогантен однос.

Се сомнева дека убиството е резултат на љубомора, и најави дека ќе се бори и двајцата обвинети да добијат доживотна казна затвор.

Трпковска беше повикана во ЈО откако пред неколку дена обвинителството отвори истрага против две лица осомничени за убиството на нејзиниот син. Второпријавената Ангела е лишена од слобода и од понеделникот издржува 30 дневен притвор. Таа е обвинета дека му погонала на убиецот да го сокријат телото.

Првоосомничениот Фуркан е недостапен за полицијата и по него е распишана потерница.

Телото на убиениот Пино Секондо беше пронајдено пред седум дена, по пријава на граѓанин дека во атарот на село Љуботен забележал човечки скелет покриен со камења.