Балкан
8. October 2017 - 15:08

Мајката на Милица (16) очајна: Седум години не е откриен свирепиот убиец кој му го пресече вратот на девојчето

Седум години се навршија од свирепото убиство на Милица Барашан, 16-годишна тинејџерка од Суботица. Според пишувањето на белградските медиуми, полициската истрага почнува од почетокот, што потврдува и мајката на убиеното девојче Светлана Симендиќ. Жената која со години залудно се обидува да дознае кој на 7 октомври 2010 година и го пресече вратот на нејзината ќерка единица, вели дека полицијата ја известила дека поседува и ДНК од убиецот.

-Во полиција ми рекоа дека не се должни да ми кажат до каде стигнале, но работат на случајот. Ми кажаа дека имаат ДНК од убиецот, но го немаат во базата податоци, па очекуваат повторно да направи нешто за да го идентификуваат. Се прашувам, дали некое дете треба повторно да настрада, за тој да биде фатен? прашува очајната мајка на убиеното девојче.

Светлана Симендиќ на 7 октомври 2010 година се враќала вечерта од втора смена во својата куќа во суботичката населба Зорка. Патот во еден дел води покрај пругата и тој дел е неосветлен. Кога дошла во близина на куќата забележала светлина од батериски лампи и полициски возила. Само го продолжила патот.

Кај куќата ги затекнала своите родители но не и 16-годишната ќерка Милица. Девојчето претходните денови поради настинка не одела на училиште, а Славица се налутила што сега била излезена. И се јавувала на телефон и и праќала СМС пораки, но немала одговор. Бесна и во пижами, излегла на патот да ја чека. Но наместо Милица, дошол полицаец и и рекол дека ќерката и е убиена таму каде Светлана забележала полициски возила.

Милица Барашин (16) се доселила со мајката, бабата и дедото од Сомбор во Суботица пред неколку години. Брзо нашла пријатели во новиот град и се запишала во средното хемиско училиште. Пленела со својата појава и убавина.

Мајката не и дозволувала во град да седи до доцна навечер, па така Милица непоредно пред убиството на телефон и се јавила на бабата, опколу 21 часот дека тргнала кон дома, за да стигне навреме пред мајката и сите заеднод а вечераат.

Насебата се наоѓа на периферијата на Суботица, на пругата кон Сомбор. Другарите на Милица и велеле дека е храбра што сама по мракот се враќа од таму, а таа секогаш велела дека не се плаши и дека никој ништо не и може. Речиси никогаш не одела со такси иако било многу мрачно и полно со дрвја местото покрај пругат.а

На тој 7 октомври убиецот најверојатно го фатил девојчето од зад грб, а таа поради слушалките од телефонот не го слушнала. Со големо сечило и нанесол убоди во градниот кош и речиси и го пресекол вратот. Дека жестоко се борела со убиецот, сведочат раните на прстите од левата рака. Показалецот и бил отсечен, а имала исеченциите и на друигите два прсти.