Живот
7. August 2017 - 11:38

Мајката му дала цуцла на бебе а тоа почнало да се дави- сето тоа само поради една грешка

Во продавница во Англија, мајката купила цуцла за своето 18 месечно бебе а не се ни надевала дека таа одлука може да ја чини животот на нејзиното бебе.

За среќа мајката била во близина кога бебето почнало да се дави и да губи кислород, па можела да реагира на време.

Гумениот дел на цуцлата се откинал и застанал во грлото на нејзината ќерка.

-Не сакам ни да замислам што можеше да се случи а нашата ќерка, можеше да умре а наредното утро да се чудиме што се случило- вели таткото и предупредува сите родители да ги проверуваат цуцлите на децата пред да им ги дадат.

Од компанијата пак се бранат и велат дека работи се случуваат поради тоа што децата се поголеми и имаат заби па може да го откинат гумениот дел, но родителите на ова 18- месечно бебе сепак предупредуваат да ја проверите убаво цуцлата, посебно да го повлечете гумениот дел и да проверите дали е доволно цврста пред да ја дадете на вашето дете, посебно ако детето спие со цуцла.