Свет
23. September 2017 - 20:32

Мајка забележила модрици на своето бебе, поставила камера - поради снимката ни јадела, ни спиела

Ана Мари Терон од Германија на своето деветмесечно бебе забележила гребаници и модрици и одлучила да провери како дадилката се однесува кога неа ја нема, сокрила камера  во соба не бебето. 

Кога ја погледнала снимката останала во шок и сега дадилката се соочува со обвинението за обид за убиство, злоставување и напад. 

На снимката се гледа како дадилкара го носи бебето, држејќи го само за едната рака и кога ќе почне да плаче грубо го фрла. 

Очајната мајка вели дека со денови, откако ја погледнала снимкара не можела да јаде ни да спие, постојано мислела на тоа колку долго нејзиното бебе минувало низ пекол.