Мајка од Русија си го фрли бебето од 9. кат па скокна по него: Двете преживеаја благодарение на овие околности
Една мајка од Русија ја фрлила својата двегодишна ќерка низ прозорец од деветиот кат, а потоа и самата скокнала, а мајката и детето го преживеале падот.
Жената (21) од рускиот град Уфе, која не е идентификувана и нејзината ќерка ги спасило тоа што на тлото ги дочекал снежен нанос.
Мајката е обвинета за обид за убиство и и се заканува казна затвор до пет години ако биде прогласена за виновна.
Роднините рекоа дека била во многу лошо расположение на денот на инцидентот.
„Беше малку напната, викаше по мене цело утро и фрлаше работи низ станот. Се подготвуваше да го однесе детето на рутински преглед во Здравствениот дом. Во еден момент отидов во кујната и ја оставив со девојчето во спалната соба. Се надевав дека така малку ќе се смири. Неколку минути подоцна, кога се вратив, видов дека собата е празна“, вели нејзината снаа.
Од болницата соопштија дека детето е примено во тешка состојба.
„Детето е хоспитализирано во тешка состојба. Мајката поминала со модринки и нејзиното здравје не е во опасност. Докторите успеале да му го спасат животот на девојчето и таа не е во животна опасност.
Мајката е отпуштена, од болница неколку дена по инцидентот.
Снаата рече: „Таа сега е во ред. Нејзиниот татко ќе се грижи за неа и целото семејство ќе му помогне“.
Ново на Сител
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани
-
Народниот правобранител со бесплатна телефонска линија за пријавување повреда на избирачко право