Живот
10. October 2015 - 10:34

Мајка од пеколот: Го сликала мртвото бебе и го објавила на Фејсбук заради спомен!?

-Првпат се најдов во таква ситуација, не сум јас виновна, бебето се роди мртво, вели во исповедта за српски Курир Мирјана Миклејиќ (46) од селото Босур кај Петровац на Млава, за која се прочу откако фотографијата на своето мртво бебе ја закачи на Фејсбук.

Мирјана е уапсена кога во јавност се појави ужасната фотографија, по што е наречена „селфи чедоморка“. Осомничена дека го усмртила своето дете при породувањето и го закопала во дворот, но после месец дена во притиво Мирјана е пуштена на слобода.

Ја разбудиле болки

-Бев во седмиот месец од бременоста. Криев дека сум бремена зошто детето е зачнато од човек кој веќе живее во вонбрачна заедница и има три ќерки. Од тие причини не сакав да одам на лекар, ниту и кажав на својата мајка дека сум бремена. Својата бременост ја криев велејќи дека се здебелив, вели Мирјана за српски „Курир“.

Таа наведува дека на 21 јуни имала спонтан абортус.

-Во текот на ноќта почна да ме боли стомак. Болките беа толку јаки што не знаев што да правам. Му се јавив на лекарот кој ја лечеше мојата мајка од рак, но не ми се јави. Му испратив и порака, но не ми одговори. Во еден момент тргнав кон бањата и осетив дека ми пукна воденикот, се сеќава Мирјана.

Како што вели, сфатила дека се породува, па викнала еден роднина да отиде по нејзината мајка.

-Им требаше половина час да пристигнат. За тоа време, поради болките, од купатилото тргнав кон излезната врата од куќата. Кога стигнав, почувствував дека детето излегува и го дочекав на раце за да не падне среде ходникот. Го прифатив бебето и низ глава ми помина дека треба да ја пресечам папочната врвца. Детето беше модро, видов дека е машко, но не дишеше, ништо не се случуваше. Откако дојдов до креветот, зедов ножици и ја исеков папочната врвца, го опишува Мирјана своето породување.

Таа вели дека го тресела бебето, во очекување да заплаче.

-Го тапкав по грбот со надеж дека ќе почне да дише. Меѓутоа од него немаше глас. Ми беше ужасно тешко. Го сакав дететот и едвај чекав да го родам, вели таа.

Според нејзините зборови, набрзо стигнала нејзината мајка Јаворка, но ни таа не можела ништо да направи.

-Никој не знае како ми бее во тој момент. На мајка ми и реков дека треба да го погребеме, а пред тоа го сликав, зошто без оглед на се беше мое дете. Знаев дека таа фотографија ќе ми биде единствен спомен од него, вели Мирјана.

Сослушани сведоци

Таа нагласува дека по два месеци одлучила фотографијата да ја постави на Фејсбук.

-Ја ставив зошто тоа беше моето дете. За жал не можев да ги сликам неговите први чекори, зошто нема да ги направи. Над фотографијата напишав и порака од која жените и девојките ќе извлечат поука - дека не треба да ја кријат бременоста и да одат на лекар, вели Мирјана, која од два брака има четири деца.

Инаку во досегашниот тек на истрагата се сослушани сите сведоци и направена е обдукција и вештачење. Откако ќе се направат сите вештачеса, против осомничената ќе биде поднесено обвинение или пак ќе биде отфрлено.

И таткото го погребале во дворот

Мирјана вели дека по објавувањето на фотографијата за неа почнал друг кошмар.

-Луѓето ме осудуваа, а всушнсот не знаеја што се случило. Ме обвинуваат што сум го сликала мртвото дете и што мојата мајка го погребала во дворот. Па и татко ми го погребавме во дворот, тука нема ништо необично, вели Мирјана.