Македонија
17. September 2019 - 16:27

Мајка од Источна Македонија за 20 евра ја нудела својата ќерка на возрасни мажи

Мајка од Источна Македонија  ја принудувала малолетната ќерка на проституција за сума од 1000 до 1500 денари. Според неофицијални информации од истрагата 14 годишното девојче 3 години било жртва на сексуална злоупотреба. Истражните органи проверуваат дали детето било дел од меѓународен ланец на проституција и дали е продавано надвор од државата. Не можејќи да го издржи пеколот низ кој поминувало  девојчето неодамна само пријавило во полиција.

Малолетничката во исказот се пожалила дека мајка и и нејзини познаници  на кои им должела пари ја  принудувале да има и по 3 до 4 клиненти дневно во хотели на Истокот од државата.

Од МВР официјално потврдија дека работат на случајот. И Јавното обвинителство е запознаено со злоупотребата на девојчето, но засега го немаат добиено предметот со  кривичната пријава од полицијата.

Од министерството за труд и социјална политика само потврдија дека девојчето е згрижено на безбедно. За да го заштитат детето рекоа дека нема да даваат повеќе информации.

Ниту до канцеларијата на народниот правобранител засега не е поднесена претставка за случајот. Од таму за Сител велат штом ќе бидат известени ќе следат дали државата соодветно се грижи за злоставуваното девојче.

И пред година и половина беше обелоденето дека 13 годишна штитеничка од домот 25 мај абортирала откако со месеци жена од Кавадарци ја принудувана на проституција.