Живот
18. August 2015 - 21:16

Мајка на сијамски близначки: Луѓето зјапаат во нив како да се накази

Седумгодишните сијамски близначкли од Вернон, Британска Колумбија, кои го делат мозокот и черепот, им пркосат на очекувањата на лекарите и научиле да одат, зборуваат, па дури и да се расправаат една со друга.

Кога се родија Татјана и Криста Хоган ниовните родители се предупредени дека можеби нема да преживеат ниту еден ден. Меѓутоа гие ги надминаа очекувањата на лекарите.

Како што вели нивната мајка Фелиција, девојчињата сакаат да одат на училиште, да гледаат цртани филмови и да јадат торта.

-Тешко е, но не сакам ништо да променам. И да можам да изберам како би живеела во следниот живот, ништо не би менувала, вели Фелиција.

Кога лекарите и соопштиле на Фелиција дека носи девојчиња со споени глави, абортусот никогаш не и бил опција. Наместо тоа, децата се под постојан лекарски надзор и тие се зачудени како нивниот заеднички мозок работи.

Близначките се гладаат меѓусебе низ очите, делат емоции, и иако секоја ги контролира своите екстремитети, двете можат на другата да ги контролираат рацете и нозете.

Иако ги делат чувствата имаат различни особини на личноста.

Со текот на годините Татјана стана истакнат лидер, додека Криста е многу поповлечена, вели мајката.

Девојчињата, никогаш нема да можат да бидат раздвоени, ниту да живеат самостоен живот поради поврзаноста на нивните мозоци.

-Нивната појава неминовно доведува до тоа луѓето да зјапаат во нив, а љубопитните деца се прашуваат зошто тие се заглавени заедно. Се уште забележувам дека луѓето гледаат во нив како да се накази. Меѓутоа сакам да им покажам на сите дека тоа се среќни и исполнети девојчиња, истакна Фелиција во документарецот Channel 5.