Живот
22. јуни 2016 - 14:22

Мајка монструм: Го врзала своето бебе во количка и го оставила да се удави - Причината ќе ве шокира!

Мајка, која го оставила своето 15-месечно бебе врзано во количка да се удави „бидејќи ѝ сметало во нејзиниот љубовен живот“, најверојатно ја чека доживотен затвор.
 
Французинката Фабиен Кабу, ја оставила малата Аделаида врзана во количка, на брегот пред плимата.
 
-Ставив крај на нејзиниот живот бидејќи така беше полесно, изјавила 39-годишната Фабиен во судот.
 
Сега ја чека казна за убиство со умисла.
 
Безживотното тело на бебето се уште било цврсто врзано во количката кога следниот ден на брегот го пронашле рибари.
 
По десет дена, полицијата успеала да ја поврзе ДНК од количката со монструозната мајка.
 
Оваа студентка по филозофија е уапсена во станот кој го делела со своето 63-годишно момче Мајкл Лафон.

Baby-mother

Рекла дека за овој „драстичен потез“ се одлучила бидејќи „сфатила дека нејзиното мајчинство е некомпатибилно со нејзиниот љубовен живот“.

Нејзиниот адвокат истакнал дека Кабу, со потекло од Сенегал, пораснала во католичка фамилија и е неверојатно интелигентна, но ја бранел цитирајќи го соопштението на психијатарот дека „нејзиниот став е поврзан со нејзината култура и лична историја која е под влијание на сенегалските магии и култови кои многу го менуваат нејзиниот поглед на светот“.

Малата Аделаида е родена во станот и никогаш не е пријавена. Никој близок на парот, дури ни мајката на Кабу не знаела за девојчето.