Живот
27. November 2018 - 20:33

Мајка која го воодушеви светот: Лекцијата која му ја одржа на својот син треба секој да ја прочита

Сите родители чии деца пораснале или моментално се во тинејџерски години, знаат колку тоа може да биде стресно и напорно, а децата се тврдоглави и полни со барања.

Тоа е време кога тие би дале се за веднаш да пораснат, а родителите често ги сметаат за бездушни кои уживаат да ги контролираат, па сакаат што побрзо да се осамостојат.

Низ слична ситуација поминала и Австралијанката Естел Хевиш.

Всушност, нејзиниот син Арон (13) направил канал на Јутјуб и преку него започнал да заработува голема сума пари. Со голема гордост и кажал на својата мајка дека сега е самостоен, а во кавгата која следувала, рекол дека тој сега заработува и дека Естел повеќе нема право да го контролира и да му кажува што да прави.

Наместо да продолжи со кавгата или да го казни детето, на Естел и дошла генијална идеја – му напишала на синот кратко писмо и ги сокрила неговите омилени работи.

Прочитајте го писмото и сфатете зошто овие неколку редови текст станаа вистински хит на интернет и зошто родителите ширум светот се воодушевени.

“Драги Арон, со оглед на тоа дека си заборавил дека имаш само 13 години, а дека јас сум твоја мајка, изгледа дека ти е потребна една мала лекција за самостојност.

Бидејќи ми плесна во лице дека сега заработуваш, мислам дека сега ќе ти биде лесно да ги откупиш сите ствари кои ти ги купував во минатото. Ако ги сакаш своите ламби, сијалиц или пристап до интернет, ќе мораш да сносиш дел од трошоците:

Станарина: 430 долари
Струја: 116 долари
Интернет: 20 долари
Храна: 150 долари

Ќе мораш уште и да го фрлаш ѓубрето во понеделник, среда и петок, како и да ја чистиш куќата. Еднаш неделно ќе го чистиш купатилот, да си приготвуваш храна и да го чистиш целиот неред кој го правиш зад себе.

Aко не успееш, ќе ти наплаќам и слугинки во износ од 30 долари за секој ден кога ќе морам да направам нешто наместо тебе.

Ако одлучиш повторно да бидеш мое дете, а не мој пораснат, самостоен цимер, можеме да преговараме за условите.

Та сака мама”.