Македонија
30. July 2016 - 16:17

Мајка и син тешко повредени во сообраќајка на патот Удово - Демир Капија

Мајка и син од Германија се тешко повредени во стравична сообраќајка на магистралниот пат Удово - Демир Капија. Несреќата се случила доцна синоќа околу 22 часот. Во неа учествувале две товарни возила и автомобил БМВ со кој се превезувале странските државјани. Според неофицијалните информации, трагедијата се случила кога 31 годишниот Германец кој го управувал БМВ-то се обидел да ги претекне двете скании. Поради преголема брзина првин удрил во товарните возила по што автомобилот завршил во банкините покрај патот. Од ударот тешки повреди заработиле возачот и неговата мајка.

На местото на несреќата веднаш интервенирал мобилниот дежурен медицински тим.. По укажаната прва помош двајцата повредени се пренесени на хирушкото одделение во велешката болница. Тука лекарите констатирале оти 31 годишниот Германец има повреди на главата, рацете и скршеници на ребра. Жената на возраст од 61 година пак има сериозни повреди на главата и внатрешни крварења. Поради ова двајцата се транспортирани на лекување во скопскиот урегентен центар.

Поради сообраќајката, делницата Удово - Демир Капија неколку часа беше затворена за сообраќај.