Македонија
17. August 2022 - 9:55

Мајка и ќерка од Тимјаник бараат помош по невремето што го зафати Неготино

– Мајка и ќерка од Тимјаник бараат помош по невремето од силен ветер и поројни дождови, што синоќа го зафати Неготино.

– Кровот ни прокиснуваше и претходно но по невремето ситуацијата станува полоша и имаме штети од поплавата во и онака скромниот дом. Оштетен ни е и мебелот во домаќинството. Нашата сиромаштија стана уште поголема по невремето. Страв ни е да спиеме во куќата, плашејќи се дел од кровот или целиот кров да не се урне, рече за МИА, мајката Мара Петрова, пензионерка.

Сите што сакаат да помогнат на мајката и ќерката, можат да се јават на телефонскиот број 077 635 242.

Неготинскиот градоначалник, Горан Стојанов истакна дека во текот на денешниот ден, ќе се формира општинска комисија за проценка на штети и комисијата ќе направи увид на лице место, со цел евидентирање на сите што претрпеле штети од елементарната непогода.