Македонија
26. April 2018 - 13:31

Мајка и ќерка (16) од Скопје крвнички претепани на улица

Вчера во 18,40 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје Г.А.(50) пријавила дека истиот ден околу 17,40 часот на улица “383“ заедно со нејзината 16 годишна ќерка биле физички нападнати од страна на Р.С.

Имено истиот почнал да ја удира со клоци и тупаници во пределот на стомакот и рацете, додека нејзината ќерка ја влечел за коса и со тупаници и клоци ја удирал во пределот на стомакот, рацете и грбот од што и двете се здобиле со видливи повреди во вид на модрици и црвенило. 

Се работи на целосно расчистување на случајот.