Балкан
17. јуни 2019 - 10:21

Мајка и дете скокнале од 4 спрат за да се спасат од огнот - загинале на лице место

Во пожар кој избувнал рано утринава во Српската населба Бежанска Коса, загинале две лица, жена и дете.

Според српските медиуми до пожар дошло во 8 и 20 утринава.

„Две екипи излегле на терен, а лекарите можеле само да констатираат смрт кај жената и детето“ пишува Курир.рс.

Според првичните неофицијални информации се работи за мајка и дете кои откако избувнал пожар на чеѕвртиот спратскокнале од балкон за да се спасат од огнената стихија, меѓутоа поради тешки повреди починале .