Живот
12. February 2019 - 22:35

Мајка го одведе синот во смрт: Очајните крици на детето Колумбијката не ги слушна, полицијата беше на чекор да ги спаси пред фаталниот скок

Самохраната мајка Џеси Паола Морено Круз (32) скокнала од 100 метри височина, со десетгодишниот син Мејо Себалос во прегратка. Жената се одлучила на овој очаен потег зошто повеќе немала свој дом.

Убиството и самоубиството се случило на мостот во изградба во Толима, во западниот дел од Колумбија. Надлежните служби, пожарникарите, доктор и психолог еден час ја убедуваа да не го прави тоа. Таа седеше на работ на мостот цврсто стегајќи го детето во прегратка.

Како што пренесуваат локалните медиуми, детето исто така ја молело да не скокаат од мостот. Сите аргументи, молби таа ги игнорирала, убивајќи се и себеси и детето.

Жената имала финансиски проблеми и неодамна е исфрлена од својот дом. Таа и детето станале бездомници, зошто немала доволно пари за кирија.

Градоначалникот на местото во кое живеел наведе дека првобитната истрага покажала дека мајката ја опседнале лихвари. Тој наведе дека имало уште случаи кога луѓе се „заплашувани, уценувани, и им се заканувале со смрт“, и дека тоа нешто се случува секаде во Колумбија.

На снимката на коај се гледаат мајката и синот како седат на работ на местот и во еден момент се гледа како маж, најверојатно полицаец, ползи по патот за да не го види мајката зад бетонските препреки.

Се што тој имал намера да го направи, дошло доцна, зошто мајката во меѓувреме скокна од мостот. Кога скокна со детето, работниците од итните служби остнаа во шок. Истрагата врзана за двата случаи е во тек.