Македонија
5. March 2019 - 16:31

Мајка фрлила новороденче во јамата на полско ве-це

19 годишна девојка  од струмичко село се породила дома, а потоа најверојатно го оставила бебето. Неофицијално,  новороденчето е пронајдено во јама од полско ве це. Од полицијата го потврдија случајот,  но не соопштија детали како и каде било најдено мртвото бебе. Се  истражува  дали се работи за несреќа или чедоморство.

Случајот бил откриен кога  19 годишната  девојка побарала лекарска помош во струмичката болница. Откако била хоспитализирана  и прегледана девојката лекарот констатирал дека таа претходно се породила по што случајот го пријавил во полиција. Веднаш по пријавувањето  бил извршен е преглед на  нејзиниот дом во кој на повеќе места се пронајдени докази кои укажувале на тоа дека таму  имало породување.

По направениот увид од страна на полициските службеници и јавен обвинител пронајдено е и тело на новороденчето. По наредба на јавен обвинител  мртвото тело е предадено на обдукција.

 Во меѓувреме  од мајката, членови на семејството и мажот со кој девојката била во љубовна врска земени се примероци од крв за анализа. По насоки на јавниот обвинител се преземаат мерки за расчистување на случајот.